| четврток, 6 декември 2018 |

2045 година

h

Влегуваме во светла и убаво опремена соба за приеми на г. Насмеан, од која низ стаклен ѕид на зградата во Баухаус во стил се гледа убава градина во англиски стил. 2045 година е и г. Насмеан веќе влегол во седмата деценија од својот живот, но што се вели, убаво остарел.

Летот од Њујорк преку Лондон за Бања Лука беше пријатен, меѓу другото и благодарение на модерниот бањалучки аеродром, кој е еден од најпрометните во овој дел од Европа, а возењето по автопатот на североисток до 30 километри оддалечената сателитска населба, во која се наоѓа оваа резиденција, помина брзо. Инаку, тука автопатиштата се користат главно за локални цели и како коридори за поминување на странците до Јадранското море. Еколошки многу свесното локално население ја користи разгранетата железничка мрежа, по која веќе се движат многу удобни и брзи електромагнетни возови. Нема потреба да зборувам дека да се задоцни тука е непознат поим. Сите возови стигнуваат точно на време со отстапување плус минус три секунди. Некој пресметал дека сите возови на годишно ниво задоцнуваат само седум минути.

Тешко е да се замисли дека оваа земја до пред само 30 години била една од најсиромашните во Европа и дека дури и некои африкански земји почнале да ја престигнуваат споре нивото на развој. Нивото на невработеноста тогаш изнесувало околу 30 отсто, процентот на високо образованото население не надминувало 5 отсто и покрај тоа што квалитетот на високо образовниот систем бил под голем знак прашалник. Надворешнотрговскиот дефицит изнесувал околу 50 отсто од БДП, додека младите образовани луѓе ја напуштале земјата, во странство да работат како физички работници.

Денес тука се доселуваат луѓе од сите континенти, 90 отсто од работно способното население е високо образовано, државниот универзитет влегува во топ 10, додека покрај англискиот, стандард е познавање на уште еден странски јазик. Земјата бележи надворешно трговски суфицит пред се благодарение на извозот на услугите и висококвалитетните технолошки производи. Невработеноста е на ниво од околу 4 отсто.

Поради тоа нашето прво прашање за г. Насмеан, кој беше една од клучните фигури во трансформацијата на оваа земја во една од најразвиените во Европа, како е можно дека тоа што во 80-тите години беше Made in Japan, во 90-тите Made in Germany, во 2000 година Made in South Korea, денес Made in Republic of.

– Се лажете. Платниот биланс е само статистички приказ за тековите на стоката, услугите, парите, сопственоста, долговите. Тоа што ние денес произведувма повеќе од што трошиме не значи дека постои Made in Republic of. Иако е точно дека денес кај нас се произведуваат многу софистицирани производи, треба да знаете дека тие тука главно само се финализираат. Впрочем, извозот на стоката сочинува помал дел од вкупниот извоз. Извозот на услугите е доминантен и тука бележиме најзначајни резултати. Знаење и делови, а благодарение на нив настануваат овие производи и услуги кои доаѓаат од сите страни од светот. Позитивниот биланс е само резултат од фактот дека ние тука даваме дополнителна вредност. Целиот овој напредок кој го постигнавме се темели на еден трик. Нема наше и нивно, нема Made in Republic of. Има само добро и исклучително добро. Доброто не е доволно добро.

Овој одговор претерано не изненади. Стремежот за исклучителност во Републиката стана тема за која многу угледни светски економисти пишуваа книги. Токму поради тоа инсистираме на дополнително објаснување.

– Да, г. Насмеан, но зарем и производителите од другите делови на Европа, Америка, Азија, не се стремат на исклучителност. Како тоа вашето исклучително е толку подобро од нивното?

Сега веќе добиваме поискрена насмевка од г. Насмеан. – Во право сте. Има уште нешто. Гледајте, до пред 30 години оваа земја беше пример како национализмот со примеси на шовинизам може токму тие нации кај кои тоа е многу застапено, да ги доведе до економско, културно и политичко дно. По децении на судири се одлучивме да појдеме во друг правец. Во правецот на отворено општество.

Се отворивме за други идеи и други луѓе. Денес во Бања Лука живеат многу граѓани со арапско, азиско и африканско потекло. Но, кај нас не постојат гета. Нашиот мелтинг-плот не се темели на асимилација на емигрантите кои дошле по парче леб. Далеку од тоа дека сме станале наднационално општество. И понатаму сме горди како Републиканци. Меѓутоа, зголемувањето на животниот стандард и она што порано беше опишувано како конкурентност од нас бараше прво да го редефинираме значењето на концептот нација, улогата на државата и партијата во општествениот живот.

Сега јас сум затечен. Каква врска имаат политичките партии, државата и нацијата со софистицираните производи кои денес тука се произведуваат?

Г. Насмеан сега веќе почнува помалку да застанува, но сепак продолжи:

– Да бидам искрен, длабоката трансформација на општеството почна од најприземните човечки пориви. Прво ги исклучивме партиите од раководните места во јавните претпријатија. Тоа беше почеток. И морам да кажам, многу тежок почеток. Притисокот на нас кои ги покренавме реформите беше огромен. Дури и животот ми беше загрозен. Освен тоа, се сретнувавме со објективни ограничувања. Да се најдат нови луѓе кои се доволно стручни да ги водат јавните фирми во загуби или со прекумерна работна сила, беше многу тешко. И веќе тука почна процесот на нашето отворање. Доведовме многу менаџери од други, главно соседни европски земји да ги водат нашите фирми.

Добивме менаџерски договори, но нивниот опстанок зависеше од резултатите, што до тогаш не беше случај. Ги укинавме субвенциите на јавните фирми. И тоа не воведе во понатамошни реформи. Моравме да ја редефинираме улогата на државата и јавните фирми. ОД ДРЖАВАТА НАПРАВИВМЕ ОКТОПОД! Знаете да се биде октопод не е ништо лошо. Октоподот е едно многу паметно животно. Во состојба е да решава сложени проблеми низ координација на своите пипци. Кај нас порано имавме октопод кој не управуваше со своите пипци. На пипците пораснаа многу мини-глави, па наместо со нив да се управува од централата, контролата ја преземаа локалните политичари, кои на раководни места донесоа некомпетентни, но на нив лојални луѓе. По оваа реформа, која ја спроведовме многу брзо (а ја спроведуваме еве и денес, три децении подоцна), пипците почнаа да одговараат само на главата, а тие пипци за кои се оценува дека не служат за ништо, се отсечени.

И третиот столб на нашата трансформација беше надминување на националото, далеку потемелно од земјите кои се гордеат со својот мондијализам. Знаете Франција, Германија, САД и други тие години пропагираа човекот над нацијата, но секогаш кога на нивните стопанства ќе им тргнеше лошо прибегнуваа кон мерки за да ги заштитат своите парцијални, да не кажам национални интереси. Ние сфативме нешто друго. Исклучителноста е концепт на индустриските општества. Во постиндустриско општество исклучителноста мора да оди рака под рака со креативноста. Креативноста и национализмот не одат заедно. Ние со своето отворање поттикнавме прилив на најкреативната работна сила од целиот свет. И тоа беше тоа. За разлика од Норвешка и Саудиска Арабија, ние не најдовме нафта и гас да не збогатат. Нашето богатство се високо образовани и креативни луѓе. Родените тука и тие кои дошле. Тие не можат да се потрошат. Нив никој не може да ги надмине. Затоа ние веруваме дека идните генерации тука ќе живеат уште подобро од сегашните.

Заминувам од Бања Лука со желба повторно да се вратам. Можеби дури и да ја напуштам својата работа во Њујорк и да побарам работа тука. Слушнав дека во Бања Лука се бараат млади и образовани новинари со меѓународно искуство.

Независне новине – Бања Лука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top