| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот грб не значи нови трошоци за граѓаните

pasosi

Нов грб на државата нема да значи  нови трошоци за граѓаните. Иако владата усвои нацрт-закон за државен грб на Република Македонија,тоа не предвидува граѓаните да мора веднаш да вадат нови лични документи кои би го содржеле новото решение на грбоот.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека согласно нацрт-законот, актуелните лични карти и пасоши кои тие ги поседуваат во моментот, ќе продолжат да важат до рокот на нивната важност кој е впишан во документите.

– Нема да имаат обврска да вадат нови документи по усвојувањето на законот во Собрание, односно нема да имааат трошок. Доколку некој граѓанин сака самоиницијативно да извади лична карта или пасош, кои би го содржеле новиот грб, тоа ќе може да го направи, но ако нема таква желба, тогаш ќе продолжи да си ги користи личните документи кои во моментов ги поседува а се со актуелниот грб, додека не им помине рокот на важност на документите, рече Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top