Фолк-пејачка Сузана Гавазова повторно е во блажена состојба. Поточно, фолкерката е во третиот месец од својата бременост, како што објави Телеграф.мк.Таа и нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ неодамна, пред само неколку месеци, станаа родители на ќерката Емили.
– Се решив за тоа што преубаво е чуството да си мајка и сакам повторно да го доживеам тоа што го доживеав со Емили. Иако првото породување беше природно, имав многу болки, но сепак тоа искуство и тоа доживување е неописливо добро – вели Сузана за порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.