| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ја „спушти браната“ за руските банки

eu rusijaЕвропската унија ги ублажи санкциите кон руските банки и нивните филијали, пренесува „Газета.ру“. Отсега тие ќе можат да земаат кредити чиј период на исплата може да биде и повеќе од 30 дена. Оваа информација доаѓа од Службениот весник на Европската унија.

Давање долгорочни кредити и заеми е можно само доколку паричните средства бидат искористени за поддршка на кредитната способност и ликвидност на правните лица кои се регистрирани на територијата на ЕУ. Претходно ЕУ воведе санкции кон Сбербанк, ВТБ, Газпромбанк, ВЕБ и Роселхозбанк. На европските банки им беше забрането да ги кредитираат руските банки кои се најдоа под санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top