| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ бара средба со Путин за „Јужен тек“

nikolic putinПретседателот на Србија Томислав Николиќ изрази желба да зборува директно со претседателот на Русија околу проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“.

-Иницирам директен контакт со претседателот Путин- посочи Томислав Николиќ, претседателот на Србија во интервју за „Вечерње новости“.

Српскиот претседател подвлече дека тој е русофил, но тоа не значи дека ќе ги игнорира интересите на својата држава.

Томислав Николиќ претходно изјави дека Србија има намера сериозно да разговара со Русија и со Европската унија околу изградбата на гасоводот. Постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов забележа дека Москва ќе одржи преговори со оние држави кои изразиле загриженост поради откажувањето на проектот „Јужен тек“:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top