| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички есенскиот дел од сезоната го заврши без пораз

Препородениот тим од градски парк, 14-кратниот шампион на Македонија, КК Работнички продолжува со успешните игри. Во последниот за нив натпревар оваа есен на гостувањето во Кавадарци го победија незгодниот тим на Фени со 84-76.
Ова беше седма победа во осум натпревари, но се без пораз. Едниствениот натпревар во кој излегоа како поразени беше оној против МЗТ кој го загубија со службен резултат поради одлуката да не го продолжат иако водеа со високи 16 коша разлика.
Натпреварот започна со одлична игра на домаќините и водство од 9-2. Тоа беше се што направија во првите две четвртини бидејќи Работнички направи неверојатна серија од 19-2 и го презема водството. Подржани од околу 200 свои симпатизери популарните Сити Парк Бојс кои допатуваа попладнево во Кавадарци за да би бодрат своите миленици.

rabotnicki-mzt-21

Играчите на Работничи играа полетно, брзо, цврсто под двата коша и со одличен шут од далечина. Тие успеаја да постигнат дури 14 тројки. Кошот на Фени го решетаа од сите позиции, нај мотивирани беа триото ветерани Димитар Мираковски, Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски кои заедно комбинираа 57 поени.
Во еден период од играта во второто полувреме Работнички достигна и до 20 коша разлика (60-40) и се чини тука беше крајот на натпреварот. До истекот на времето иако без тренер на клупата поради суспензиите на Марин Докузовски и Марјан Србиновски Работнички рутински го приведе натпреварот до крајот.

MZT Rabotnicki 18 (Custom)

Овој натпревар центарци го одиграа со само седум играчи бидејќи Дарко Соколов и Маријан Ѓуров се повредени. Уште во игра влегоа и капитенот Јане Петровски и босанскиот интернационалец Бјелиќ кои постигнаа 12 односно 10 поени.
Кај домаќините најпрасположени за игра беа Враговиќ и Кемп. Враговиќ беше лидер кај својот тим со 19 поени, додека Кемп постигна 15.

Во следното коло Работнички е слободен, а Фени игра уште еден тежок натпревар на домашен терен против актуелниот шампион МЗТ Скопје.

Во вториот денешен натпревар Кожуф без проблеми славеше победа над Гоце Делчев со 89-58

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top