| четврток, 6 декември 2018 |

Почина најдебелиот човек – на чекор од опоравувањето

982591548331dc63949988773661_640x406

Ниту операциите со кои требаше да загуби поголем број на килограми не успеаа да го спасат Кит Мартин од Лондон, официјално најдебелиот човек на светот, кој вчера почина од воспаление на белите дробови.

44 -годишниот Мартин, кој достина максимална тежина од 444 килограми, последните осум месеци се подложи на бројни операции за намалување на тежината. Со зафати врз желудникот успеа да намали една четвртина од тежината.

Да преживееше, според докторите, на почетокот на следната година се очекуваше конечно да стане од кревет и да застане на свои нозе. Последните 10 години Мартин ги поминал дома, врзан за креветот. Лани се квалификувал за бесплатен оперативен третман со кој загубил над 150 килограми, кога преминал на режим со внесување на „само“ 2000 калории дневно.

Мартин, невработен Британец, велеше дека најмногу се здебелил од евтина брза храна, внесувајќи и до 2000 калории дневно – 10 пати повеќе од препорачаното.

За појадок јадел 6 пржени јајца, за ручек и вечера најчесто пица или гиро, ќебап, донер, кинеска брза храна или оброци во Мекдоналдс, сето тоа зачинето со неколку шолји кафе и два литри газирани сокови. Во меѓувреме, за ужина јадел сендвичи, чоколади и грицки.

-Кит, како и многумина, имал емоционални проблеми, а утеха барал во храната – вели неговиот доктор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top