| четврток, 6 декември 2018 |

Корејците изненадени од Ф1

f1 koreaВо првичниот календар за распоред на Формула 1 трки во 2015 година се појави името на Јужна Кореја како организатор, но одржувањето на таа трка закажана за мај се уште не е потврдено, а Корејците се изненадени од оваа вест која ја објави Светската автомобилска асоцијација (ФИА).

– Не сме известени за такво нешто. ФИА само го објави календарот на кој се појави нашето име. Не е лесно да се организира трка. Мислењата во Кореја се поделени и не сме сигурни дека ќе можеме да им бидеме домаќини на учесниците во Ф1 караванот, соопштија Корејците.
Следната година повторна организација на Ф1 трка доби Мексико, а можна алтернатива за Јужна Кореја е Индија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top