Основната идеја што ние јавно ја споделивме беше предлог на систем за воспоставување на државен испит со кој ќе се провери квалитетот на знаењето во виското образование. Впрочем, ваков државен испит повеќе децнии постои на медицинските факултети и ние предлагаме вакви државни испити да се воспостават за секој факултет поединечно. Затоа апелирам до сите политички структури да ги тргнат рацете од студентите, да остават Владата да понуди предлог нацрт концепт што ќе оди во јавна расправа, а потоа во академска атмосфера да се расправа за предлогот за воспоставување на систем на квалитет во високото образование – нагласи министерот за образование и наука Спиро Ристовски апелираше до сите политички структури да ги тргнат рацете од студентите.
Сепак, комуникациските центри на СДСМ, високи функционери, активисти на опозицијата, луѓе кои во јавноста важат за нејзини отворени поддржувачи, поранешни советници, активно повикуваат сите да се вклучат во протести на студентите. Тука е и младината на СДСМ, која на социјалните мрежи повикува на протести. Наместо студентите сами да одлучат и да проценат што треб да направат и дали треба да излезат на протести, од сите страни, поради политички интереси се врши притисок врз нив. Покрај центрите за комуникација на СДСМ, во повикот за Студентскиот протест активно се вклучени и високи фунционери на опозицијата, експерти блиски до фондацијата СОРОС и други нејзини инструменти.
Дописот на т.н. организација Студентски пленум која преку соопштение ги повикаа граѓаните, студентите, професорите, членови на политички парти да им се придружат на вториот студентски марш против, како што велат, необмислените реформи во високото образование, на социјалните мрежи е објавен од повеќе комуникациски центри на СДСМ.
Професорката Билјана Ванковска најавува учество на протестот и агитира помеѓу студентите да излезат на протести.
Мирјана Најчевска, професор на филозофски факултет, уште еден од мегафоните на СОРОС исто така најавува учество на протестот и агитира студентите да излезат. Кон повикот да се излезе на протести се приклучува и Софија Куновска, поранешен советник во Град Скопје од СДСМ. Новинарката Ленче Николовска,член на СДСМ и пратеник исто така го споделува дописот на Студентскиот пленум и повикот за марш.
Еден од организаторите на студентскиот протест на 10-ти декември е Давид Данаилов, член на централниот одбор на СДММ, братучед на Јон Фрчковски внук на Љубомир Фрчковски, објавија дел од порталите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови