Девет странски државјанки на возраст од 21 до 37 години се приведени во акциската контрола на полицијата што ноќеска од 23 часот до 3 часот по полноќ била спроведена во угостителските објекти „Баци“ во тетовското село Синичане и
„Енерџи клуб“ покрај локалниот пат за Сараќино.
Во угостителскиот објект „Баци“ затекнати се осум странски државјанки од кои три од Албанија, две од Косово и исто толку од Србија и една албанска државјанка со привремен престој во Тетово. Во „Енерџи клуб“ затекната е една девојка од Црна Гора.
– Деветте странски државјанки кои во објектите нелегално биле ангажирани како пејачки и танчерки и го злоупотребиле својот престој, приведени се во Полициската станица Тетово, задржани се и денеска ќе бидат предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија за натамошна постапка, во рамки на која ќе се утврдуваат сите поединости
околу нивниот престој и работење на подрачјето, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст