| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени малолетниците кои ограбуваа автомобили во Центар

Малолетниците кои во текот на ноември искршија и ограбија околу 20 автомобили на подрачјето на Центар, вчера беа фатени од скопската полиција

Станува збор за 15-годишниот Р.М. од Скопје, штитеник на домот „25-ти Мај“ и една година постариот Р.Е.. Против нив се поднесени кривични пријави за 22 кражби, а одреден им е и 30 дневен притвор.

Малолетниците „оперирале“ во вечерните часови на улиците „50-та Дивизија“,  ул.,,Отон Жупанчиќ“, ,,Јордан Мијалков“, ,,Коле Неделковски“ и ,,8-ма Ударна Бригада“.

Откако ќе биле сигурни дека никој не ги гледа насилно влегувале во зградите, а потоа и во гаражите каде ги кршеле стаклата на автомобилите, а Р.М. со протнување влегувал во нив и вршел пребарување, по што одземал предмети или се откажувал.

Од она што е познато малолетниците украле пари, ЦД-иња, рачни ножеви, навигациски уред и други ситни предмети.

По пријавата на случајот, полицијата извршила разговор со лицата кои го признале делото, а кај Р.М. биле пронајдени и дел од украдените предмети.

Полицијата дополнително ќе достави материјални докази до Обвинителството за расчистување на уште 19 тешки кражби од автомобили за кои осомничени се истите лица.

Имено, малолетниот Р.М. и минатата година бил два пати кривично пријавуван за тешки кражби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top