| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос бесен – го напуштил состанокот на НАТО поради Македонија

Потпретседателот на Владата во Грција и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос го напушти НАТО самитот на кој учествуваа претставници од 60 земји. Како што пишува greekreporter.com ваквата реакција на Венизелос следела откако САД го прифатиле името Македонија наместо времената референца ФИРОМ во списокот земји кои се обврзале да дадат поддршка во борбата против Исламска Држава.

По Самитот во официјалната изјава за медиумите Венизелос се пожали на односот на САД. Појасни дека го напуштил Самитот во знак на протест, затоа што името на северниот сосед на Грција, ФИРОМ, сеуште не е прифатено и затоа што двете земји сеуште преговараат за него. Понатаму, според одлуката на Советот за безбедност на ОН името на Македонија сеуште не е дефинирано се додека двете земји не се договорат.

Според Грција САД не ја следат формалната процедура секоја земја да ја именуваат со нејзиното официјално име. Откако Венизелос си замина во знак на протест Грција беше претставувана од страна на претставникот на НАТО во Брисел Михалис Диамесис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top