| четврток, 6 декември 2018 |

На осомничените за убиството на навивачот на Црвена звезда им пикале шишиња во задник

Началникот на истанбулската полиција отпушти двајца инспектори за кои се утврдило дека употребиле прекумерна сила врз приведените за убиството на Марко Ивковиќ, навивачот на Црвена Звезда.

Како што пренесува турскиот портал Т24, под команда на испекторите Гуркан Бакал и Сабри Оксуз, полицајците во станицата ги мачеле обвинетите навивачи на Галатасарај. Наводно нечовечкиот однос стигнал и до точка кога полицајците им пикале шишиња во ректумот на приведените.

Во полициската станица се приведени неколкумина осомничени за учество во немирите помеѓу навивачките групи на Галатасарај и Црвена звезда, меѓу кои и Кадри Акташ, човекот кој призна дека го прободил Ивковиќ, но дека тоа го направил во самоодбрана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top