| четврток, 6 декември 2018 |

Маж прободе четири лица со нож во воз во Мичиген

Маж прободе со нож четири лица во воз во американската сојузна држава Мичиген.

Еден од жртвите е вработен во железничката компанија Амтрак.

Четириесет и четири годишниот напаѓач е уапсен од полицијата, а сите повредени се пренесени во болница. Полицијата се уште ги разјаснува мотивите за нападот.

Возот патувал од Чикаго кон Порт Курен, во државата Мичиген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top