По четири дена во мрак, српското рударско градче Мајданпек доби струја, но вода и греење жителите се уште немаат.
– Дојре струја, па сега на светло се смрзнуваме – вели за српски „Блиц“ еден жител.
Вонредната состојба поради силниот ветер и замрзнатиот дожд што го зафати северот на Србија е укината, но животот е далеку од нормален.
Училиштата се уште не работат, а јавните служби работат со скратено време.
Околу 7.500 граѓани, колку што денес живеат во Мајданпек, вода, леб, тоалетна хартија, пелени и конзервирана храна добиваат од Црвениот крст.
– Далеку сме од нормален живот. Очите не болат од мракот. Нозете и понатаму ни се смрзнати, а се грееме на свеќи – раскажува продавачка за весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст