| четврток, 6 декември 2018 |

Муслиманите и Коптите апелираат христијаните да останат на Блискиот Исток и покрај теророт од џихадистите

­ Муслиманските и коптските свештеници апелираа до христијаните и покрај насилството од џихадистите да останат на Блискиот Исток.

Апелот е упатен по завршувањето на меѓународната конференција против тероризмот и екстремизмот што се одржа во Каиро.

Во завршното соопштение се осудува како злосторство насилното иселување на христијаните и другите верски групи.

На конференцијата беше заклучено дека Исламска држава врши варварски злосторства во обид да извезе лажен ислам.

На конференцијата учествуваа претставници од дваесетина држави, меѓу кои Саудиска Арабија, Иран, Индонезија и Малезија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top