Влијателниот американски магазин „Нешнл Интерест“ објави студија во која ги анализира позициите на Русија на Артикот со заклучок дека таму постои таква воена сила која е потполно подготвена за водење глобална, односно светска војна која може да биде предизвикана поради тензиите на светските сили за Артикот.
Овој магазин наведува дека Русија на Артикот има најмалку 5 видови на оружје кое потполно може да се спротивстави на секој вид на агресија.
Артикот како геостратешка точка стана многу важен поради феноменот со топењето на мразот, бидејќи тоа овозможува лесни длабински истражувања на води и минерали, како и други природни богатства.
Не треба да изненадува тоа што Русија е воено подготвена на Артикот, пишува магазинот. Русија на Артикот има четири нуклеарни мразокршачи кои се стратешки важни.
Исто така, се наведува дека на Артикот се разместени разни елитни специјални единици на војската на Русија, кои уште од времето на Советскиот сојуз се специјално обучени за напади врз единиците на НАТО и војување во посебни услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.