Милиони луѓе на Филипините побарале денеска засолниште во црквите, училиштата и други времени центри за евакуација поради тајфунот Хагупит, кој се приближува кон оваа земја.
Од тајфунот, кој ќе биде најсилна бура која оваа година го погодила тој архипелаг во југоисточна Азија, ќе бидат загрозени повеќе од половина жители, вклучувајќи ги и заедниците кои минатата година беа речиси уништени во супертајфунот Хајан.
Филипинските власти соопштија дека милиони луѓе тргнале кон центрите за евакуирање, бидејќи се очекува Хагупит да ја погоди оваа област утре вечер или в недела.
Хагупит денеска незначително ослабна и премина од категорија супертајфун во тајфун, движејќи се преку Тихиот Океан во правец кон Филипините и носејќи ветрови со брзина од 195 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.