| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Граѓаните да ја искористат шансата за откуп на дворните места!

двор

Голем дел од граѓаните веќе ја искористија можноста за откуп и приватизација на дворното место, а оние кои не го направиле тоа можат да поднесат барања до 15 овој месец до подрачните единици на Управата за имотно-правни работи, по исклучително поволна цена од едно евро за квадратен метар, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, апелирајќи до граѓаните да ја искористат можноста за поднесување барања.  Во текот на годинава се поднесени 13.000 барања, а од почетокот на можноста за откуп вкупно 250.000.

Рокот, како што рече, беше продолжен со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои  од  различни причини не успеале навреме да поднесат барање.

– Во текот на оваа година се поднесени 13.000 барања, така што голем дел од граѓаните веќе ја искористија можноста. Ако некој сѐ уште не ја искористил, апелирам да го направи тоа бидејќи ќе нема дополнително одложување на  рокот – рече Ставрески.

Според него, досега се поднесени над 250 илјади барања, а од почетокот на процесот веќе се решени три четвртини од барањата, што значи дека станува збор за успешен проект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top