На „Јутјуб“ се појави видео на кое се гледа како полицијата на Синдеј со пендреци тепа манекенка.
Клер Хелен, девојката што беше претепана, и која е актерка и манекенка, сè уште е вознемирена од целата случка.
– Ова е нешто најстрашно што досега сум го дожевела. Ме турнаа на земја, па почнаа да ме удираат со пендреци, а потоа некој од нив ме удри и со нога, се присетува Клер на немилата случка за која тврди дека не е одговорна.
Полицијата наведува дека Клер се противела да биде уапсена и дека со бокс ја удрила една од полицајките, по што биле принудени да применат сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.