Новиот „ауди A7 спортбек ха-трон кватро“ (Audi A7 Sportback h-tron quattro) е типичен спортски, ефикасен и економичен автомобил.
Замислен е како „e-кватро“ со два електромотора кои ги придвижуваат сите четири тркала и со технологија на горивни ќелии што користат водород како погонско гориво, „ха-трон“.
Горивните ќелии што се вградени во овој автомобил произведуваат сила од 170 киловати, што е приближно на 230 коњски сили. Количеството енергија што е потребно за да се поминат 100 километри е исто со енергијата што се произведува со 3,7 литри бензин во стандардните мотори со внатрешно согорување кои се вградени во А7, што е неспоредливо поекономично возење.

Волуменот на резервоарот за водород овозможува да се поминат околу 500 километри, што е во стандардите на сите производители на автомобили.
Постапката за полнење на резервоарот е едноставна, брза и чиста, а патувањето може да се продолжи по околу три минути.

Двата електромотора што се вградени во „ауди A7 спортбек ха-трон кватро“ работат независно и ги придвижуваат сите четири тркала, односно еден електромотор за една оска. Ако овој автомобил работи само со нив, може да помине дополнителни 50 километри. Полнењето на батеријата, која е со моќност од 8,8 киловат-часови, може да се врши со рекуперација или алтернативно, со приклучување на електрична мрежа.
Од „Ауди“ се подготвени да почнат со сериско производство доколку пазарот и инфраструктурата го дозволуваат тоа, со што првиот модел би можел да се види на патиштата низ светот во втората половина на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


