| четврток, 6 декември 2018 |

Жените низ светот лудуваа по него, но тој сака само една!

Erik-Dejn-1-e1343397299218

Глумецот Ерик Дејн, познат по улогата на доктор Марк Слоун од серијата „Вовед во анатомија“, ги украде срцата на многу жени низ светот. Тој е среќно оженет со глумицата Ребека Гејхарт уште од 2004 година.

Двојката учествувала во снимање експлицитна видеоснимка во 2009 година со убавицата Кари ен Пениш. Снимката се раширила по интернет, па неколку пати изјавиле дека не се горди што го снимиле тоа видео. Ерик имал бурен живот, кој го довел до зависности. Во 2011 година бил на одвикнување од лекови, на кои станал зависен по спортската повреда.

 

erik dejn i rebeka

– Сите правиме грешки. Единствено што жалам е што ја вплеткав и личноста што ја сакам најмногу на свет. Мислам на Ребека. Секогаш имавме силна поврзаност. Мислам дека јас сум последниот човек на планетава што би требало да дава љубовни совети. Но, имам фантастичен брак. Веројатно ми се посреќило – изјавил Ерик.

Тие двајца имаат две ќерки, Били и Џорџија.

Шонда Рајмс, авторката на серијата „Вовед во анатомија“ го „убила“ ликот на доктор Слоун во 2012 година, и со тој чин го намалила бројот на фанови на споменатата серија. Но дамите не треба да очајуваат, Ерик глуми во нова серија која што се вика „Последниот брод“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top