Во Јапонската канцеларија за врски во Скопје беа потпишани четири договори за донации за програмата за поддршка на мали проекти при Владата на Јапонија во вкупна вредност од околу 226.000 евра, од кои бенефит ќе имаат четири општини во Република Македонија.
Станува збор за проект за подобрување на системот за греење во ОУ „Магдалена Антова“ во општина Куманово, проект за реновирање прозорци, врати и тоалети во градинката „Пролет“ во скопската општина Карпош, проект за унапредување на околината во општина Демир Капија и проект за набавка возило за смет за општина Кочани.
Во името на Јапонската амбасада во Виена се обрати јапонскиот дипломат Наојоши Јонејама, кој очекува сите четири проекти директно да придонесат за подобрување на условите за живот на населението во овие региони.
– Во процесот на селекција ги земавме предвид напорите за унапредување на етничките заедници. Се надевам дека овие проекти ќе донесат корист за сите етнички заедници во Македонија подеднакво – рече Јонејама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст