| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски политички вестерн – „Добриот, грдиот и лошиот“

Две го­ди­ни вла­дее сил­ни­от не­га­ти­вен на­бој на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на. Поч­на ток­му во овој пер­и­од во 2012 го­ди­на, пред до­не­су­ва­ње­то на Бу­џе­тот за 2013 го­ди­на. Се­га За­ев нај­а­ви „бом­ба“ штет­на за др­жа­ва­та, Гру­ев­ски, пак, „по­зи­тив­на бом­бич­ка“ за ре­ша­ва­ње на проб­ле­ми­те на ил­јад­ни­ци гра­ѓа­ни. Раз­ли­ка­та во при­ста­пот е еви­дент­на и при­ка­жу­ва су­дир на по­зи­тив­на и на не­га­тив­на по­ли­ти­ка на ма­ке­дон­ска­та сце­на. Ре­зул­та­ти­те се очиг­лед­ни, но не­ко­му ка­ко да не му тек­ну­ва...

По­зи­тив­ни­от и не­га­тив­ни­от при­стап ве­ќе две го­ди­ни се су­ди­ра­ат на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на. Ре­ал­но, су­ди­рот на две­те оп­ции и по­ли­тич­ки мо­ду­си трае мно­гу по­дол­го, но сво­јот врв го до­жи­веа ток­му во овие две го­ди­ни. Изб­ли­кот на гнев, пре­диз­ви­кан од дол­ги­от пост од власт, кул­ми­ни­ра­ше со сил­ни­те при­ти­со­ци при до­не­су­ва­ње­то на Бу­џе­тот во 2012 го­ди­на, на­ста­ни кои еруп­ти­раа на 24 де­кем­ври. За­ев не го из­мис­ли овој при­стап, ту­ку са­мо го нас­ле­ди и над­гра­ди иа­ко, очиг­лед­но, до­бро му „лег­на“. Комп­ле­тот се на­до­пол­ни со не­го­ва­та „по­у­ба­ва“ по­ли­тич­ка по­ло­ви­на со ко­ја го де­ли тро­нот и ко­ја во не­га­тив­ни­от на­бој е од са­ми­от по­че­ток, ба­шка што и уба­во ѝ „стои“.

Се­пак, ли­де­рот не ја до­би рол­ја­та на „ло­ши­от“ во со­вре­ме­ни­от ма­ке­дон­ски по­ли­тич­ки шпа­ге­ти-ве­стерн. Таа, мо­же­би, по­до­бро ќе му сто­е­ше на не­го­ви­от прет­ход­ник. За жал, те­пач­ка­та ме­ѓу опо­зи­ци­ски­те ли­де­ри е за уло­га­та на „гр­ди­от“, кој, ка­ко и во фил­мот на Сер­џо Ле­о­не, најм­но­гу од сѐ е кловн, а во ли­дер­ски­те ре­до­ви на опо­зи­ци­ја­та вла­дее сил­на кон­ку­рен­ци­ја ме­ѓу ду­зи­на по­ли­тич­ки клов­но­ви. Со сво­е­то од­не­су­ва­ње уло­га­та на „до­бри­от“ са­ми­те, иа­ко не­вол­но, ја ис­пра­ти­ја и на­мет­наа на адре­са на вла­ста. Две­го­диш­ни­те бој­ко­ти­ра­ња на сѐ што мо­же­ше да се бој­ко­ти­ра го на­до­пол­ни­ја рас­теч­ки­от опас­но над­вис­нат клов­нов­ски предз­нак. Во кон­тек­стот на при­ка­ска­та од­лич­но дој­доа и се­којд­нев­ни­те цр­ни­ла од пре­со­ви и плу­ка­ње­то по сѐ што се пра­ви во др­жа­ва­та, без чув­ство де­ка не­ко­гаш тре­ба да се ка­же и не­кој до­бар збор, стро­го за­бра­нет ка­ко та­бу-те­ма на по­ра­неш­на Би­ха­ќка. Оста­на­ти­те две-три пар­тии од опо­зи­ци­ско­то ма­зо­хи­стич­ко оро, пак, се по­ка­жаа ка­ко обич­ни, безг­лас­ни са­те­ли­ти кои на­мет­на­та­та, не­бу­лоз­на клов­нов­ска игра ја при­фа­ти­ја без по­го­вор.

 

Analiza117-2

Ати­на со ме­рак ја че­ка „експ­ло­зи­ја­та“

Дел од сце­на­ри­о­то за шпа­ге­ти-ве­стерн е и игра­ње­то на сѐ или ни­што, кла­си­чен по­тег на очај­ни­ци, лу­ѓе кои не­ма­ат што да за­гу­бат во жи­во­тот или во овој слу­чај во сво­ја­та по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра, ко­ја и она­ка е оти­де­на „по ѓа­во­ли­те“. На шпа­ге­ти-ве­стер­нот од­лич­но се на­до­вр­зу­ва дол­го­на­ја­ву­ва­на­та не­га­тив­на „бом­ба“ на За­ев, ко­ја ве др­жи во не­из­вес­ност ка­ко дол­ги­те ка­дри на Ле­о­не и ко­га ќе се „сми­лу­ва“ да ја со­оп­шти, тоа мо­же­би ќе го сто­ри со му­зи­ка на Енио Мо­ри­ко­не во зад­ни­на. Ин­те­ре­сен мо­мент во „бом­ба­та“ е и по­сто­ја­но­то опо­зи­ци­ско по­тен­ци­ра­ње на неј­зи­на­та огром­на штет­ност за др­жа­ва­та, со ко­ја се „за­мач­ку­ва“ и оправ­ду­ва од­ло­жу­ва­ње­то на на­вод­на­та експ­ло­зи­ја. Во пре­вод, смеш­но­то об­јас­ну­ва­ње би гла­се­ло – „не ја де­то­ни­ра­ме по­ра­ди тоа што не ѝ са­ка­ме ло­шо на др­жа­ва­та“. А, ток­му ли­де­рот приз­на де­ка па­три­о­тиз­мот не ѝ ли­чи на оваа по­ли­тич­ка стру­кту­ра, па по­ба­ра пра­ва за бор­ци­те на ОНА, приз­на гре­шка во од­бра­на­та на Ки­че­во и на Стру­га од фа­ктич­ка­та ал­ба­ни­за­ци­ја за да на кра­јот ги осу­ди каз­ни­те за де­мо­ли­ра­чи­те и те­па­чи­те во про­те­сти­те за „Мон­струм.“ Иста­та таа пар­ти­ја ко­ја по­сто­ја­но ѝ да­ва на тац­на но­ви ар­гу­мен­ти на Гр­ци­ја за ве­то­то во Бри­сел, ко­ја се на­де­ва­ше на не­га­ти­вен из­ве­штај на ЕК, се­га на­ед­наш се гри­жи за до­бро­то на др­жа­ва­та и на на­ци­ја­та, има скру­пу­ли и не го ко­ри­сти тај­но­то оруж­је со кое мо­же да се вра­ти на тол­ку мно­гу по­са­ку­ва­на­та власт?! Те­шко…

Се­пак, ка­ко и да е и кол­ку и да е оваа „бом­ба“ ви­сти­ни­та или со­ста­ве­на од но­ви мал­вер­за­ции, иа­ко си­те ти­пу­ва­ат на вто­ро­то, на неј­зи­на­та експ­ло­зи­ја најм­но­гу се на­де­ва­ат и најм­но­гу ја оче­ку­ва­ат на 703 ки­ло­ме­три од на­ши­от гла­вен град. Не­при­кос­но­ве­но, уло­га­та на „ло­ши­от“ во на­ши­от шпа­ге­ти-ве­стерн, за жал, на но­ви­те „ша­тев­ци“ ја има­ат Са­ма­рас и не­го­ви­от дуб­лер Ве­ни­зе­лос. Ати­на уште се­га трие ра­це и се кр­сти во ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, ко­ја тре­ба да ѝ да­де но­ви ар­гу­мен­ти за ре­зил на се­вер­ни­от со­сед. Нај­до­бро би им лег­на­ла пред Со­ве­тот на ЕУ, но и она­ка Гр­ци­ја не е за жа­ле­ње, до­се­га до­би прем­но­гу „ар­гу­мен­ти“ од адре­са­та на бом­ба­ши­те. Ан­ти­ма­ке­дон­ски­от во­ка­бу­лар одам­на им е збо­га­тен со дејс­тву­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја. Не ба­ди­ја­ла, из­во­рот на прет­ход­на­та, не­ус­пеш­на афе­ра, ко­ја експ­ло­ди­ра­ше во ра­це­те на ли­де­рот, но и на но­ва­та, дол­го­на­ја­ву­ва­на „бом­ба“, упа­те­ни­те го ло­ци­ра­ат на од­да­ле­че­ност од 703 ки­ло­ме­три. По­тен­ци­ра­на­та штет­ност за Ма­ке­до­ни­ја са­мо ја на­до­пол­ну­ва те­за­та за по­тек­ло­то.

 

Analiza117-3

Гру­ев­ски од­го­во­ри со „по­зи­тив­на бом­бич­ка“

Кон­тра­стот на по­ли­тич­ки­от при­стап и дејс­тву­ва­ње го на­до­пол­ни пре­ми­е­рот и пре­тсе­да­тел на ВМРО-ДПМНЕ. На нај­а­ва­та за не­га­тив­на­та бом­ба на За­ев, Гру­ев­ски од­го­во­ри со нај­а­ва за под­го­тву­ва­ње „по­зи­тив­на бом­бич­ка“ ко­ја тре­ба да ги ре­ши дол­го­го­диш­ни­те проб­ле­ми на ил­јад­ни­ци гра­ѓа­ни. Иста­та ни­шка про­ве­ју­ва­ше и во те­кот на кам­па­њи­те во из­ми­на­ти­те го­ди­ни. Опо­зи­ци­ја­та на из­бо­ри, осо­бе­но ми­на­ти­те две го­ди­ни, на­ста­пу­ва­ше со ул­тра­не­га­тив­на ан­ти­кам­па­ња ба­зи­ра­на на бор­ба со ре­жим, ди­кта­ту­ра и ти­ра­ни­ја. На­стра­на што ја те­раа ре­во­лу­ци­о­не­ри-ми­ли­о­не­ри. Исто­вре­ме­но, вла­де­јач­ки­те пар­тии во ма­ке­дон­ски­от блок на­ста­пу­ваа со от­че­ти за сра­бо­те­но­то во из­ми­на­ти­те го­ди­ни и со по­зи­ти­ви­стич­ки ве­ту­ва­ња за ил­јад­ни­ци вра­бо­ту­ва­ња, де­се­ти­ци ин­ве­сти­ции, но­ва со­о­бра­ќај­на ин­фра­стру­кту­ра и сто­ти­ци де­тал­но со­ста­ве­ни про­ек­ции за по­до­бру­ва­ње на жи­вот­ни­от стан­дард. Искус­тво­то и ре­зул­та­ти­те по­ка­жаа кој при­стап по­ве­ќе им го­ди на гра­ѓа­ни­те, но ми­ну­сот од 200 ил­ја­ди гла­са на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри не ја осве­сти опо­зи­ци­ја­та, ту­ку, на­про­тив, ја пот­тик­на на уште по­за­си­ле­на не­га­тив­на кам­па­ња и дејс­тву­ва­ња.

 

Vladimir-Bozinovski-int85-3Бо­жи­нов­ски: 2006 го­ди­на е пре­сврт­ни­ца во гла­са­ње­то „про­тив“

Ако се на­пра­ви ана­ли­за, 2006 го­ди­на е еден вид го­ди­на на пре­кр­шу­ва­ње. До 2006 го­ди­на ма­ке­дон­ски­те гла­са­чи гла­саа про­тив, а од оваа го­ди­на, па на­ва­му се гла­са „за“, не „про­тив“, ве­ли по­ли­ти­ко­ло­гот Вла­ди­мир Бо­жи­нов­ски.

БО­ЖИ­НОВ­СКИ: За гла­са­чот не е пре­суд­но тоа кој што на­пра­вил ло­шо, ту­ку тоа кој што на­пра­вил. Сра­бо­те­но­то е по­бит­но од не­сра­бо­те­но­то. СДСМ, очиг­лед­но, ова не мо­же да го иден­ти­фи­ку­ва. За­тоа и гу­би. Ако се сфа­ти де­ка за гла­са­чот е нај­ре­ле­вант­но што на­пра­ви­ла и што ве­ту­ва таа по­ли­тич­ка пар­ти­ја, то­гаш мо­же­би и ќе би­де не­што. ВМРО-ДПМНЕ ус­пеа да го пер­ци­пи­ра тоа и за­тоа на­ста­пу­ва со по­зи­ти­ви­стич­ка кам­па­ња ко­ја ги прив­ле­ку­ва гла­са­чи­те.

Не­га­тив­на­та кам­па­ња мо­же да би­де са­мо на­до­пол­ну­ва­ње на по­зи­тив­на­та, но не мо­же да оп­ста­не са­ма, ве­ли Бо­жи­нов­ски, кој об­јас­ну­ва де­ка не мо­жеш да одиш кај гла­са­чот и да ба­раш од не­го да гла­са „про­тив“ за­тоа што дру­ги­от бил лош, тој ќе те пра­ша зо­што да гла­са за те­бе?

БО­ЖИ­НОВ­СКИ: Ова е од­го­вор кој во СДСМ го не­ма­ат. Пос­лед­на­та кам­па­ња СДСМ ја поч­на де­лум­но по­зи­ти­ви­стич­ки, но сре­де неа удри со не­га­тив­на кам­па­ња и со афе­ри, што се по­ка­жа ка­ко ка­та­стро­фа­лен по­тег. Пр­вич­на­та про­це­на бе­ше де­ка ќе за­гу­бат со 130.000 гла­са, а по не­га­тив­на­та кам­па­ња за­гу­би­ја со це­ли 200.000 гла­са по­мал­ку.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 117. број на неделникот „Република“, 28.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top