| четврток, 6 декември 2018 |

Кога смртта е поскапа од животот

ada-huja-bmw-saobracajna-utopili-poginuli-1416738426-592633

Пред да се казнуваат прекршителите, властите мора да направат системска и стратешка мерка: до детали замислена едукација.

Размислуваме од несреќа до несреќа. Колку е трагедијата поцрна и поболна, толку медиумите, експертите, аналитичарите и политичарите се погласни – што би било кога би било и што требало да биде за да не се случи? Има стотици одговори, но додека колона роднини и пријатели со наведнати глави немо чекорат зад ковчези на настрадани, на едно прашање никогаш нема да добиеме одговор – зошто секогаш е неопходна трагедија за да го ставиме прстот на челото?

Повеќе мозок, секако, нема да врати ничие тркало на животот на другата страна на линијата која е граница на постоењето и неповратот.

Последната во низата трагедии, над која се замисли не само Србија, туку и регионот, беше смртта на тројца млади од 16 до 20 години, кои со уште тројца пријатели со автомобил влетаа во Дунав. Менувајќи ги локалите за провод, тие шест млади луѓе, по полноќ, речиси пред зора, се возеле во БМВ кон белградското шеталиште Ада Хуја, полицијата тврди со брзина од дури 110 километри на час.

И потоа, на кривина, патот за нив исчезнал.

Тројца не успеале да се спасат од студениот Дунав, две момчиња од 18 и 20 години и најмладата жртва на оваа несреќа, средношколка од 16 години. Возачот и двајца сопатници избегнале смрт, но животот засекогаш ќе им биде жигосан со неизбришлив печат. Посебно на возачот, кој во црно зави три семејства. Некои таблоиди веќе пишуваат дека се обидел да изврши самоубиство…

Момчето кој зад воланот на моќното БМВ седнал пијан и без возачка дозвола, со само 19 години, веќе има бурно минато во сообраќајот, а медиумите сега пишуваат набројувајќи 27 прекршочни пријави кои полицијата против него ги поднела последните неколку години. Ниту еднаш не бил сериозно казнет, ниту некој во полицијата или меѓу прекршителите на суд, ја препознал оваа опасност, дека тој попис на неказнето лошо однесување на белградските улици може да биде пат до трагедија.

Едукацијата како приоритет

Неопходна е, очигледно, единствена база на податоци, која со соодветен софтвер, а барем тоа денес не е тешко, со следење на тежината и зачестеноста на прекршоците, би сигнализирала и алармирала кои се потенцијални убијци зад волан, на скутери, на мотори…

Во меѓувреме, во неделата по последната несреќа, министрите и сообраќајните експерти едноставно се тркаат во медиумите да објаснат идеи кои би ја промениле оваа вџашувачка статистика за смртни случаи. Основана е работна група при Владата на Србија и треба да се усогласат решенија и мерки и предлог измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои државата веќе од 1 јануари, по итна постапка, ќе воведе дополнителни ограничувања и забрани за младите возачи.

Но, пред казните, веројатно, мора да се замисли и системска и стратешка мерка – темелно и до детали замислена едукација.

Како да се биде сигурен дали идните возачи сме ги научиле на се од кое денес или утре на пат или на улица ќе зависи и нивниот и туѓи животи? Секој динар вложен во образованието и воспитанието, од учење на сообраќајна култура во градинките и училиштата до построга селекција на возачките испити, не се враќа низ заработка или профит, но ни животите не се мерат со пари, или поедноставно е да се дозволи смртта да биде поскапа од животот?

Веројатно не е толку тешко да се осмисли интерактивно учење на сообраќајните прописи, тренажери, видео симулации на несреќи и најчести грешки кои претходат на сообраќајни несреќи? Или е тешко? Сериозните држави тоа го сметаат за превентива, која секогаш е поевтина од последиците.

Нулта толеранција на алкохол

Досегашните предлози, изнудени од неодамнешната несреќа, подразбираат законска закана за возачи помлади од 21 година да седнат зад волан на автомобил чија сила на моторот, брзина и тежина често не ја контролираат ни поискусни возачи. Од таа контрола не останува речиси ништо, посебно ако се напијат на слави, на многу градски журки и во ноќни клубови, со што ја зголемуваат самодовербата која е погубна, им се засилува егото, а им се намалуваат рефлексите.

Судејќи според се, на младите возачи им следи нулта толеранција на алкохол, што треба да го обесмисли одењето во град на забави со автомобил и комбинација на омилените коктели и енергетски пијалоци со вотка и слични мешавини кои произведуваат земјотреси во организмот.

На таа мерка логично се надоврзуваат остри казни, можеби дури и забрани, или пак строго ограничување на условите и околностите во кои младите возачи, но не само тие, можат да возат малолетници. Најмногу поради тоа што статистиката на сообраќајките во последните неколку години покажуваат дека младите, при враќање од ноќен живот и забавите, речиси никогаш не биле помалку од петмина во автомобил.

Несреќата на белградското шеталиште е уште поголема трагедија бидејќи едно од настраданите момчиња, како шести во друштвото, бил во багажникот на БМВ-то и без шанси да исплива од Дунав.

Мамини и татини синови и ќерки

Статистиката покажува и дека несреќите најчесто се најбројни во тек на викендите. На овие простори тоа се журките, забавите, свадбите, расипнички прослави за полнолетство…

Тоа е време кога под полна пареа се живее во белградските ноќни клубови, од кои некои, според се што нудат и според она што во нив може да се добие и купи, не се многу далеку од Содома и Гомора.

Тогаш на сцена стапува расипничкото однесување на мамини и татини ќерки и синови, поттикнато од многу пари или од нивната моќ и влијание, вулкани на адреналин се заглушувачките техно ритмови. Рамо до рамо со тие естрадни несреќници и несреќниците кои на прашањето со што се занимаваат, велат: Јас сум селебрити, па новинарите со таблоидна свест ги прашуваат: А како се чувствуваш како селебрити?

Тие и таквите често се мамец и примери на тинејџерките и тинејџерите на средната класа, општествено-социјално милје, кои се во состојба да земат половина плата од родителите за да направат селфи во некој клуб и да го постават на Фејсбук, чекајќи лајкови или завист од тие кои не биле.

Веќе половина несреќи висат во воздух кога такви екипи зачекоруваат на асфалт и седнат зад волан, за да ја продолжат забавата на друго место, желни за секакви докажувања.

Има ли нешто што институциите не го знаат?

Има ли нешто важно во тој сплет на социјалниот живот, од забави, расипништво, алкохол, дрога…

Нешто што полицијата и т.н. надлежни институции во општеството не го знаат?

Знаат каде цела ноќ се точи алкохол, знаат и дека газдите, келнерите и шанкерите не бараат лична карта од гостите, доволно е да се има пари и да се плати сметката, така неколку пијалоци чинат и по неколку илјади динари, или до кај 50 евра.

Знаат и каде се клубовите, рестораните и кафулињата чии гости излегуваат во мали саати, а во уште помали се враќаат. Во некои места, ако некој им затреба, полицијата за секунда дури прави и рација. Значи, нема нешто што не се знае. Полнолетството веројатно, подразбира, како што се подразбира дека разумните родители, свесни во времето во кое живеат, баш и не би дозволиле малолетници пубертетлии во време кога треба да бидат во кревет, да ги проверуваат искушенијата на ноќниот живот.

Сепак, додека се чекаат одговорите, предлози и решенија кои ќе ги понудат експертите, агенциите и комитетите за безбедност во сообраќајот, законодавците, полицијата, училиштата, социјалните работници, психолозите… се чини, како аларм, ѕвони едно многу едноставно прашање: Дали сме го изгубиле семејството, родителите? Знаат ли татковците и мајките каде им се децата, што прават, со кого се дружат? Или мислат дека доволно е да им дадат џепарлак за провод и клучеви од автомобил купен за 18 роденден? Полнолетството, за жал, не е доказ на зрелост, а уште помалку осознавање и чувство на одговорност.

Ако семејството е изгубено во борбата за кариера, пари, имот, углед, политичка или било која друга моќ, или пак само гол опстанок и егзистенција; залудни се сите комитети, законодавци, строги прописи и драконски казни…

Ал Џезира Балкан – Сараево

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top