| четврток, 6 декември 2018 |

Евролига: Фенербахче супериорно, Макаби и Реал Мадрид се протнаа низ иглени уши

Синоќа во кошаркарската Евролига се одиграа шест натпревари од осмото коло.
Фенребахче го декласираше Панатенаикос во Истанбул со високи 22 коша разлика (84-62). Натпреварот имаше големо значење за двата тима кои пред овој натпревар сѐ уште имаа шанса за првото место на табелата во групата Ц.

Fenerbahce Ulker vs Panathinaikos

На првиот натпревар во Атина, Олимпијакос победи со 18 разлика (91-73) и затоа Турците мораа да бркаат поголема разлика во меѓусебниот дуел бидејќи ако се случи да имаат ист број бодови, на крајот од првата групна фаза, Фенеребахче ќе биде подобропласирана екипа.
Натпреварот го одбележи одличната одбрана која ја постави тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ.
Сепак, најдобар стрелец на паркетот беше Слотер од поразениот тим, а дури четири играчи од Фенербахче постигнаа двоцифрен број поени. Гуделок беше стрелец на 18 поени, додека Ерден додаде 14, Весели 12, а Рики Хикмен 10 коша.

Реал Мадрид потешко од очекувањата славеше победа на гостувањето кај Нижни Новгород со 101-98. Во текот на целиот натпревар минимална предност имаа домаќините, кои со фантастичен шут за три поени го мачеа големиот фаворит. Од 27 упати шута за тројка успеаја да постигнат дури 14.
Сепак, Рочести, Кинси и Антонов не беа доволни за сензационална победа. Заедно комбинираа 58 поени, додека кај Реал дури шест играчи беа двоцифрени, а нив ги предводеше Серхио Родригез со 19 коша.

Maccabi Electra Tel Aviv vs Alba Berlin

Капитенот на македонскиот национален состав Војдан Стојановски со својот тим Алба Берлин загуби на гостувањето кај европскиот шампион Макаби со 95-89.
Во ниту еден момент од натпреварот не се почувствува разликата во квалитет на европскиот шампион бидејќи гостите од Берлин одиграа фантастичен натпревар. Во самиот финиш нивната концетрација попушти и со неколку слободни фрлања, сепак не дојде до сензација и Макаби ја освои победата.
Војдан Стојановски беше клучен играч за пресвртот до полувремето. За нешто повеќе од 13 минути игра тој реализираше 5 поени, два скока и една асистенција. Смит и Рендл од редовите на Макаби постигнаа 26, односно 21 кош.

Во останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:

Лимож – Уникаха 67-64, Сасари – Уникс Казан 68-72, Жалгирис – Анадолу Ефес 57-66.

Вечерва се играат останите пет натпревари од осмото коло во кое се среќаваат:

ЦСКА Москва – Цедевита, Галатасарај – Лаборал Куча, Туров Згорзелец – Барселона, Олимпијакос – Нептунас, Валенсија – Црвена звезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top