Американскиот психолог Вилијам Џејмс изјави дека е една од најчестите причини за прекинување на врската е фактот дека едниот или двајцата не се чувствуваат доволно почитувани. Поради тоа, двата збора со кои може да спасат повеќе врски не е „те сакам“, туку „ти благодарам“.
Проблемот, како што наведува Џејмс, не е во тоа дека луѓето никогаш не велат благодарам бидејќи е нормално да се заблагодариш на некого кога ќе направи нешто убаво.
Проблемот е во тоа што често не гледаме дека некој направил нешто убаво бидејќи тоа го сметаме за вообичаено. Благадарам не смее да се кажува само кога другото лице очекува благодарност, потребно е да се каже и во ситуации кога не се очекува тоа, посочува Џејмс.
Тој истакнува дека реченицата „Но, се подразбира дека сум благодарна“ е една од најопасните за врската. Ако се подразбира дека сте благодарни, убаво е тоа да се нагласи затоа што партнерот не знае што за вас се подразбира и може да помисли дека не сте го забележиле неговиот труд.
Џејмс наведува дека исто е и со мажите. Поголем борј од нив немаат потреба да ѝ се заблагодарат на девојката или на сопругата на вечерата која со часови ја приготвувала затоа што такво нешто стана многу нормално. Жената тогаш мисли дека тој не ја цени доволно и со време почнуваат да се оддалечуваат.
„Ти благодарам“ се мали зборови кои можат да ви ја спаси врската, порачува Џејмс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.