| четврток, 6 декември 2018 |

Тест за интелигенција за министри и за директори

test_inesem1

По поразителните резултати на тест на интелигеција што го полагале кандидатите за директор на „Железница Србија“ и на кој од 34 личности само петмина успеале добро да го решат, психолозите сметаат дека е неопходно ваква проверка да се воведе на сите конкурси. Тие нагласуваат дека вакво тестирање мора да биде спроведено за сите оние кои претендираат да бидат во државната власт и од чии одлуки зависи животот на граѓаните. 

– Тестовите за интелигенција би требало да ги прават сите кои се наоѓаат на менаџерски позиции, а особено оние кои ја водат државата, донесуваат закони и управуваат со големите системи. Интелегинцијата е клучна за квалитетот на раководење. Која државата би ја управувале паметни луѓе, помалку пари би оделе за исправка на нивните грешки, а светот ќе нѐ доживува посериозно – вели за српски „Курир“, Весна Томиќ, социјален психолог.

Со сличен став е и психологот Жарко Требјешанин.

– Докторската и магистарската титула може да биде мерило за квалитетот на кандидатот. Но, во Србија тоа паѓа во вода затоа што нема ништо полесно од тоа да го купиш тој лист хартија. Исто тала, кандидатите би можеле да приложат и повеќегодишно искуство во менаџирање, но сите знаеме како се кај нас доаѓа на тие позиции. Затоа тест на интелигенција би било најлесно решение – вели тој и посочува дека не верува дека кој било од министрите би се согласил да биде тестиран.

Но, Зорана Михајловиќ, министерката за сообраќај, посочува дека веднаш би прифатила зашто тоа, како што вели, тоа е доказ за социјална интелигенција.

За разлика од неа, министерот за трговија Расим Љајиќ вели дека има многу поважни работи од овие тестови.

– Посочите ми една земја во која тоа се прави – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top