Српската полиција непосредно по инцидентот утврдила дека, најверојатно, станува збор за Исмаил Морина (32) кого го снимиле камерите од блискиот интернат на Воената гимназија.
Условот што бизнисменот го поставил на Италијанците е Морина да го фатат жив и здрав и да го предадат на неговите луѓе во Чикаго.
Предците на тој српски бизнисмен емигрирале од Србија во Илиноис по Втората светска војна. Тие биле припадници на четничкото движење и учествивале во борбите во текот на Втората светска војна, открил анонимен извор на „Ало“.
Што се однесува до главниот осомничен, Исмаил Морина, не се знае каде се наоѓа во моментот. Се претпоставува дека се криел некое време на Апенините затоа што бил од Фиренца, а поседувал и албански и италијански пасош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.