| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот во временски неприлики

dozdВо Бугарија две реки се излеаја од коритата во реонот на градот Димитровград, а поради поплавите затворен за сообраќај е граничниот премин “Капитан Андреево” на бугарско-турската граница. Локалните власти во Димитровград соопштија дека во текот на ноќта спроти четврток се излеале реките Мартинка и Меричлерска Прељаха, по што се поплавени приземните катови и подрумите во делови на градот и во местото Меричлери. Во соопштението се посочува дека засега нема евакуирани во поплавените подрачја и дека нема опасност по животите на луѓето.

Српскиот град Мајданпек, пак, кој најсилно е погоден од студот, повторно е без струја поради нови оштетувања во преносната мрежа.

majdan– Сите интензивно работат на решавање на проблемот, изјави за агенцијата Наташа Јаковљевиќ, портпарол на Електродистрибуција на Србија.

Во Мајданпек по речиси три дена беше обновено снабдувањето со струја, но тоа кратко траеше. Граѓаните од понеделникот од 17 часот беа без струја, вода и греење поради оштетувања на далноводи по ледениот дожд и силниот ветар.

majdan 1Министерот за енергетика Александар Антиќ изјави дека е лоциран проблемот во електричната мрежа.

– Го лоциравме проблемот на околу еден километар од Мајданпек на патот кон Костолац. Тоа е многу непристапен терен и екипите моментно се пробиваат кон точката на прекинувањето на дистрибуцијата на електрична енергија.majdan 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top