| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Јужен тек не е завршена приказна

Employees stand near pipes made for the South Stream pipeline at the OMK metal works in Vyksa in the Nizhny Novgorod region Гасоводот Јужен тек се уште може да продолжи и покрај тоа што Русија вели дека проектот за снабдување на гас за Европа, вреден 40 милијарди долари е укинат, изјави предмалку претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по неговата средба со новиот бугарски премиер Бојко Борисов.
– Што се однесува до Јужниот тек, Европската унија и Бугарија работат заедно на решавање на отворените прашања и овие отворените прашања не се несовладливи, изјави Јункер пред новинарите по разговорите со Борисов.
Според наследникот на Жозе Мануел Барозо, Јужен тек може да биде изграден и условите биле јасни одамна, но дека во моментов „Топката е во дворот на Русија“.
Посочувајќи дека Бугарија е дел од европското семејство, Јункер порача и дека европското семејство му дава поддршка на нашиот источен сосед во пронаоѓањето на решенија за актуелните геополитички предизвици. Тој рече дека Брисел е тука да им помогне на своите бугарски членови на семејството.
borisov junke– Ние ќе се погрижиме фондовите на ЕУ повторно да бидат лансирани и да се користат со целосна солидарност со Бугарија, а земјата ќе стори сé за да ги искористите со цел да го стимулира економскиот раст, да креираат нови работни места и да го подобри животот на бугарскиот народ – истакна Јункер. Претседателот на Еврокомисијата, додаде дека енергетски прашања се прашање од заеднички интерес за сите Европејци и им порача на Бугарите дека тие не се сами, а ЕУ не е само набљудувач, туку рамо до рамо со нив во овие тешки времиња.
– Сакаме енергијата да тече во Бугарија и во цела Европа, но нема да прифатиме никаква уцена за енергетските прашања. Бугарија не е мала земја и ја има цела Европа зад неа. Ќе работиме заедно на инвестицискиот план – додаде Јункер. Што се однесува до Јужниот тек, претседателот на Комисијата уште еднаш посочи дека ЕУ и Бугарија работат заедно на решавање на истакнатите правни прашања, но дека иститие не се несовладливи.
– Ние треба да го направиме она што е најдобро за Бугарија и за Европа. Јужен тек може да биде изграден, условите се јасни долго време и нема ништо ново. Топката е во дворот на Русија. Ние сме подготвени и веќе се одвива подготвителната работа – заврши Жан-Клод Јункер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top