| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски: Одложувањето на верификацијата на оставките на СДСМ беше со взаемна согласност

trajko-veljanoskiКако претседател на Собранието на Република Македонија потенцирам дека македонскиот законодавен дом, како стожер на македонската демократија, функционирал и ќе функционира единствено и само врз основа на правните прописи. Неспорна потврда за овој реален факт може да се добие доколку се разгледаат сите досегашни извештаи на Европската комисија која во континуитет во позитивен тон се осврнува на активностите на македонскиот парламент. Освен тоа, и континуираните истражувања на јавното мислење упатуваат на фактот дека постои перманентен стабилен раст на довербата на граѓаните кон Собранието и кон неговиот претседател- посочи првиот парламентарец Трајко Вељаноски, по прозивките од СДСМ дека не биле констатирани оставките.

-Во однос на прашањето на оставките на дел од опозициските пратеници, што беше потенцирано на денешната прес конференција на СДСМ, сакам јасно да подвлечам дека македонскиот законодавен дом постапувал и ќе постапува единствено и само врз основа на дефинираните процедури. Имајки ја во предвид потребата од натамошен развој на политичкиот дијалог и унапредувањето на демократскиот амбиент и меѓусебното разбирање, што е повеќе пати јавно декларирано и од страна на СДСМ, како и од домашната, така и од меѓународната јавност за што постојат и докази и сведоци.

Оттаму, енигматично е зошто на госпоѓа Десковска до сега не и кажале дека одложувањето на седницата за верификација на оставките на дел од пратениците на СДСМ беше со взаемна согласност, заради што клучно прашање е дали денеска СДСМ имал лош ден или пак постојат некои други мотиви заради кои е направен овој политички излет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top