Групата Исламска држава изврши напад врз голема военовоздухопловна база во источниот дел на Сирија, обидувајќи се, како што се чини, да ја заземе последната значајна владина истурена позиција во регионот во кој доминираат екстремистите, изјавија денеска антивладини активисти, цитирани од американските медиуми.
Аеродромот крај градот Деир аз Зур е важен воен објект за силите на претседателот Башар ал Асад, што на сириската воена авијација и има функција на упатна точка за напади врз градовите во голем дел од источна Сирија, што се под контрола на Исламска држава.
Доколку го зазеде аеродромот Исламска држава ќе го засили отпорот на бунтовниците во регионот и ќе нанесе сериозен пропаганден удар, што ќе го крене духот меѓу нејзините борци по серијата неуспеси во последните недели.
Нападот врз базата почна во текот на ноќта со самоубиствен бомбашки атентат врз позицијата на сириската армија на пристапите кон аеродромот, соопшти Сирискиот центар за надзор на човековите права. Локалните координативни комитети, исто така, информираа за жестоки борби.
И двете организации соопштија дека се водат тешки судири паралелно со армиското гранатирање на селата околу аеродромот.
Според Центарот, што го набљудува конфликтот во Сирија преку мрежа од активисти, во судирите загинале најмалку 19 владини војници и седум борци на Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим


