| четврток, 6 декември 2018 |

Во десетте месеци од годинава е извезена стока од 4,143 милијарди долари

гузва

Македонија во првите десет месеци од годинава извезла стокa во вкупна вредност од 4,143 милијарди американски долари, а увезла во вредност од 6,088 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68,1 проценти, а трговскиот дефицит изнесува 1,945 милијарди долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот, пак, најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Најмногу стока од Македонија е извезена во земјите од Европската унија, дури 76,8 проценти, по што следуваат земјите од западен Балкан со 13,9 проценти. Од земјите-членки на ЕУ, воедно е извршен и најголемиот дел на увозот на стока во Македонија или 64 проценти, по што следуваат неспоменати земји со 11,7 проценти.

Во првите десет месеци од годинава Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Италија со кои е реализирана 52 проценти од вкупната надворешно-трговска размена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top