| четврток, 6 декември 2018 |

Опасен германски маневар и шлаканица за ИХФ

Германските телевизии АРД и ЗДФ нема да ги пренесуваат натпреварите на нивната репрезентација во Катар на ракометното Светско првенство што ќе се игра од 15 јануари. Тоа е силен удар за интересите на меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Германците не се пласираа на СП со прикажаните игри на теренот и беа елиминирани во квалификациите, но ИХФ им додели вајлд карта поради огромното влијание на оваа земја и интересот за ракомет што владее во Германија.

Тука беше вкалкулиран и моќниот германски пазар, а сега по одлуката на АРД и ЗДФ да не ги купуваат правата за пренос на натпреварите од СП, во небрано се најде ИХФ. Челниците на оваа федерација беа критикувани за одлуката на Германија да ѝ биде доделена вајлд карта, односно да се протне на „мала врата“ на СП, иако со резултатите не го заслужи настапот на мундијалот.

Сега ќе нема и ТВ-преноси за Германија, што е вистинска шлаканица за ИХФ.

katar

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top