Според информациите во холандските медиуми полицијата во Амстердам упаднала во куќата на Весли Снајдер со цел да пронајде дрога по претходна информација.
Рацијата не била успешна бидејќи не е пронајдена никаква недозволена супстанција. Сѐ уште не е официјално објавено од полицијата дали рацијата била насочена кон Весли Снајдер или кон неговото пошироко семејство и неговите браќа кои исто така играат фудбал.
Фудбалерот на Галатасарај и на холандската репрезентација најави тужба против полицијата од Аместердам.
Од медиумите се пошегуваа дека на Снајдер не му е потребна никаква дрога бидејќи покрај себе ја има преубавата сопруга Јоланте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре