Музичко-поетски-ликовен настан, по повод годишнината од радиоемисијата „Свирачиња“ на „Канал 103“, ќе биде одржан денеска во клубот „Менада“ со почеток од 21 часот.
На овој настан ќе учествуваат поети и музичари кои веќе биле гости во радиоемисијата „Свирачиња“, а домаќинот Тома Димовски ќе слика во живо. Настанот е замислен како интерактивен спој на поезијата со музиката и цртежот за да допре убавиот пишан збор до пошироката публика.
– Сакаме да ги обединиме сите поети во единствена поетска сцена. Толку сме различни што секој може да најде нешто што ќе му се допадне. Убавината е во разновидноста – вели Снежана Стојчевска, поет и водител на настанот.
Радиоемисијата „Свирачиња“ оди во етерот четири години, со тоа што во последните две години во неа учествувале педесетина автори со свои дела.
По настанот, поетите продолжуваат во емисија во живо на музичкото радио „Канал 103“. Радиоемисијата може да ја следите секој понеделник на полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.