
Непознат пукал во двајца македонски државјани во италијанскиот град Маргера. Според италијанските медиуми, двајцата седеле во бар во Маргера, која се наоѓа во близина на Венеција.
Околу 20 часот едно засега непознато лице отворил оган на нив. Испукал цел шаржер во двајцата Македонци, по што избегал од местото.
На самото место починал Исак Аидин, 33-годишен. Бил погоден со два истрели од пиштол во пределот на стомакот.
Неговиот 32-годишен пријател е во критична состојба и е префрлен во болница. Според полицијата, има индиции дека напаѓачот е Албанец. Се трага по него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


