
Две реки се излеаја од своите корита во реонот на градот Димитовград во јужниот дел на Бугарија, а поради поплавите е затворен за сообраќај и граничниот премин „Капитан Андреево“ на бугарско-турската граница, јави БТА.
Локалните власти во Димитровград соопштија дека во текот на минатата ноќ се излеале реките Мартинка и Меричлерска Прељаха, при што се поплавени приземните катови и подрумите во делови на градот и во местото Меричлери.
Во соопштението се посочува дека засега нема евакуирани во поплавените подрачја и дека нема опасност за луѓето.
Бугарската царинска управа соопшти дека поради поплавите од ноќеска околу полноќ по локално време (23 часот по средноевропско време) за сообраќај за лесни и тешки возила времено е затворен граничниот премин „Капитан Андреево“.
Царината информира дека возилата за минување на границата меѓу Бугарија и Турција се пренасочуваат кон локалниот граничен премин „Лесово“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


