| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрата на Синадиновски тврди: Бранислав не е Албанец, туку измамник

10418535_748381811872175_7301572460528971415_n

Бранислав Синадиновски не е православен Албанец, туку обичен измамник –  тврди родената сестра сестра на Синадиновски, Лилјана Синадиновска – Андреевска, докторка специјалист по епидемиологија.

Таа во изјава за „Алсат М“ вели дека нема ништо против Албанците, ги почитува како народ, но реагира против злоупотребата на името на семејството за личните политички и финансиски цели на Бранислав Синадиновски. Таа објаснува дека брат ѝ талкал од СДСМ до ВМРО во потрага по позиции, за сега да заврши во ДУИ.

Синадиновска – Андреевска вели дека освен лакомоста за политички позиции, Бранислав Синадиновски се изјаснува како Албанец за да исполни и лични финансиски интереси. Тој се обидува да присвои многу семејни имоти преку судски тужби за членовите на неговото семејство, со помош и политичко влијание врз судиите што донесуваат одлуки за овие предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top