
Припадниците на индијанските племиња Чејен и Арапахо одбележаа150. годишнина од масакрот кај Сенд Крик во Колорадо, еден од најкрвавите масакри во американската историја, кинематографски овековечен во антологискиот филм „Син војник“ од 1970 година.
Припадниците на племето оддадоа почест на двајца офицери на американската војска кои одбиле да учествуваат во масакрот на околу 200 мирољубиви припадници на племињата. Меѓу жртвите на злосторството извршено на 29 ноември 1864 година, две третини биле жени и деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


