| четврток, 6 декември 2018 |

Руски МИГ за малку ќе се судреше со норвешки ловец (видео)

545234_avioni-norveska-02-foto-youtube_ffРуски борбен авион „миг-31“ за малку избегнал судир со норвешки борбен ловец „Ф-16“ над небото северно од Норвешка. Како што се гледа од видеото, „Миг“ го изненадил пилотот на норвешкиот авион, кој морал да направи маневр затоа што „Миг“ му се појавил на оддалеченост од 20 метри.

545233_avioni-norveska-01-foto-youtube_ff

Норвешкото воено воздухопловство не сакало да ја открие точната локација каде се случил инцидентот ниту датумот на средбата. Портпаролот на норвешките воздухопловни сили Бринјар Стордал изјавил дека „однесувањето на рускиот пилот не било баш нормално“. Новиот инцидент над европското тло само додаде масло на огнот на и така напнатата ситуација меѓу Русија и НАТО.

Снимката од „блиската средба“ е снимена од норвешкиот ловец-бомбардер:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top