| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на министерски совет на ОБСЕ во Базел

попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествува на 21.Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој се оддржува во Базел, Швајцарија, земјата претседавач во 2014 година.

На средбата министрите ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, како и за идните правци на делување во сферата на трите димензии кои ги покрива ОБСЕ: политичко-воената, економската заедно со животната средина и хуманата односно сегментот на човековите права.
Министерот Попоски ќе има обраќање на овој форум во кој членуваат 57 земји членки од Ванкувер до Владивосток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top