| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Татко ми беше на раб на смртта

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, во интервју за „Ју-Ес-Еј тудеј“ кажува дека минатата година преживеал вистинска приватна драма. Српскиот тенисер за малку ќе го загубел својот татко Срѓан, кој со години се бори со проблеми со ‘рбетот.

-Последните шест месеци беа стресни за целото семејство. Најмногу за мојот татко, кој беше на работ на смртта. Сепак, успеа да се извлече и да ја победи болеста, пред се благодарение на менталната сила и на целото семејство. Мислам дека пресудна беше неговата желба за живот и времето поминато со семејството – вели Новак, кој додава дека настојувал приватните проблеми да не се одразат на неговата игра. Меѓутоа, болеста на својот татко му одзела многу енергија. Иако сега може да се движи, Срѓан Ѓоковиќ сè уште не е целосно излечен.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top