| четврток, 6 декември 2018 |

AРМАТА-тајната програма на руската војска што ги загрижува САД

Бидејќи американските тенкови застаруваат и не постои никакава визија тоа да се поправи, новите напори на Русија да ги модернизираат своите борбени возила секако предизвикуваат грижа. Руската војска сладната година ќе воведе нов систем на оклопни возила кои ќе ги заменат сегашните воени машини, судејќи според руските државни медиуми. Производството би требало да почне во јануари, а се очекува 20 нови возила да учествуваат на Парадата на победата во мај идната година. Сето ова се случува додека Америка сеуште размислува за својата идна воена машинерија.

-Првата серија ќе биде на располагање веќе идната година. Ќе ги видите на Црвениот плоштад на 9 мај, рече Олег Бокјаров, заменик шеф на руската воено-индустриска комисија, за ИТАР Тас.

Програмата ја развиУралвагонзавод во оддалечениот град Нижнији Тагил на Урал и постојат повеќе верзии: од тенк, пешадиско возило, се до оклопно возило, самоодна хаубица и две верзии возила за поддршка. Руските копнени сили ќе прикажат 20 примероци на парадата, половина ќе бидат тенкови, а другата половина оклопни пешадиски возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top