Албанците се поуспешно се обидуваат ширум Црна Гора да направат косовски амбиент. На прославата на Денот на знамето во Плава и Гусиња атмосферата за подгреа историчарот Кочо Данај.
Пред неколку дена во Тузи учениците ја бојкотираа наставата славејќи го Денот на албанското знаме. Неодамна во ова место, по прекинот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија дојде до тепачка меѓу учениците од католичка и муслиманска вероисповед. Пред неколку дена во околината на Туза, кон граничниот премин Божај, кон Албанија, се појави знаме исто како она на дронот на кое се албанските национални јунаци Исмаил Џемали, првиот премиер и министер за надворешни работи на независна Албанија и Исо Бољетини, кој со своите качаци се борел и бил истраен во борбата против Србите.
Големото финале се случи на подрачјето на Плава и Гусиње, каде албанскиот празник со збогати нивниот историчар Кочи Данај, лидер на Листата за „Природна Албанија“, кој носеше маичка со овие јунаци и ги обиколуваше чаршиските кафеани и некои домови ветувајќи дека двете територии, како и Туза и Улцињ ќе влезат во составот на творевината која би се протегала до Крит. „Писмо со намери“ Данај неодамна му испрати и на премиерот Мило Ѓукановиќ и на еден од опозоциските лидери, Небојша Медојевиќ.
Албанците од Црна Гора малку-малку, па „правата што ги немаат“ ги бараат не само во странство, туку и дома, се разбира вооружени со знамиња од Албанија. Тоа често го прават во Плава, пред зградата на општината, истакнувајќи ги незадоволството од сегашниот статус, нагласувајќи дека се дискриминирани, дека бараат да работат, дека после студиите бараат соодветни работни места, со барање своето знаме да го истакнуваат каде и кога ќе посакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.