| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов засади дрвца заедно со деца со посебни потреби

ivanov

Претседателот Ѓорге Иванов со неговата сопруга Маја денеска во повод Меѓународниот ден на децата со хендикеп во својот дом ги прими учениците од посебното основно училиште „Св. Климент Охридски“ од Ново село.

Заедно со нив, Иванов засади и дрвца во дворот од резиденцијата со што се вклучи во денешната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Неговата сопруга Маја изјави дека од самиот почеток ја поддржуваат акцијата на пошумување по која Македонија е позната не само во регионот, туку и во Европа и светот.

– Со овие дечиња ја засадивме нашата зелена иднина во дворот на нашиот дом. Семејно уште од самиот почеток ја поддржуваме акцијата по која нашата држава е препознаена не само во регионот, туку и пошироко во Европа и светот, истакна Маја Иванова.

Таа порача дека нивниот дом ќе биде секогаш отворен за сите оние на кои им е потребно внимание, љубов, охрабрување и разбирање.

– Овие лица ги имаат истите права, цели и желби како и сите нас. Не случајно се рекло дека кога силниот ќе подаде рака, кога здравиот ќе му помогне на болниот или моќниот на немоќниот, тогаш може да зборуваме за еден праведен и хуман свет, нагласи првата дама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top