Себастијан Фетел за прв пат возеше болид на Ферари и не штедел комплименти за својот болид во новиот тим.
Четирикратниот светски шампион веројатно малку порано ќе седнеше во болидот на Ферари, но Ред Бул не му дозволи и тој мораше да го почитува договорот со поранешниот негов клуб до крај. Сепак, тие се разделија на убав начин.
Ова беше уникатно искуство. Знаете, пред ова возење слушнав многу приказни за Маранело и Ферари, и не верував дека може да бидат вистина, но тие се реални. Сѐ е магично. Јас никогаш не би верувал дека луѓето ќе дојдат само да ме видат како го испробувам новиот
болид, рече Фетел.
Неговиот тимски колега Кими Раиконен изјави дека Ферари многу научи оваа година и дека во 2015 ќе биде многу поконкурентен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.