Да си различен не значи и да си нерамноправен. Токму затоа еден од основните столбови на современа демократија е идејата на рамноправност базирана врз императивот за еднакви можности за сите. Во оваа насока нашата амбиција и активности кои ги преземаме како Влада се да поттикнеме општество кое соодветно ќе им пристапува на разликите и истовремено ќе биде свесно за предностите на различноста, порача министерот за труд и социјаслна полтика Диме Спасов по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лица со инвалидност – 3 декември.
Лицата со инвалидност се една од категориите кои заслужуваат посебно внимание на овој план.
– Овој ден треба сите нас општествени чинители да не потсети, да не мотивира, но и да ја подигне јавната свест во општеството дека различностите на лицата со инвалидност не се недостаток, туку способност плус, дека лицата со инвалидност се рамноправни граѓани на нашето општество и оти сите заедно треба да помогнеме во подобрување на нивната положба – потенцира Спасов.
Тој информира дека во 2015 година во јули ќе се воведе паричен надомест, односно посебен додаток за сите деца со Даунов синдром во Република Македонија, оти се планира зголемување од 25 проценти на посебниот додаток кој се дава на родители на деца со пречки во развојот, за оние семејства кои се материјално необезбедени и во потешка финансиска положба, како и дека е планирано рефундирање на средствата до 80 проценти за царина и данок и други давачки за набавка на возило за сопствени потреби за лицата со телесен инвалидитет и за потполно слепите лица.
Како уште една голема придобивка за овие лица, министерот Спасов го напомена и законот за вработување лица со инвалидност со квотен систем кој е во изработка и за кој се реализираат јавни расправи.
Владимир Јовановски, од Националниот совет на инвалидски организации посочи дека инвалидните лица имаат широк спектар на потреби, за чие задоволување, како што рече, треба да се реализираат мерките опишани во Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност. .
Изминатите години, рече Јовановски, има многу придобивки за овие лица. Една од поголемите, според него, е воспоставената соработка со повеќе министерства во чија надлежност е решавањето на одредени проблеми со кои се соочува оваа група граѓани.
– Се обидуваме чекор по чекор да го подобриме животот на лицата со инвалидност. Работиме на законот за вработување на лица со инвалидност, на обезбедување непречен пристап до градбите кој е мошне битен за нашите членови, бидејќи архитектонските бариери се основна пречка во животот на лицата со телесен инвалидитет. Оттука почнуваат сите проблеми, од образованието преку вработувањето и воопшто животот на овие лица, рече Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст