| четврток, 6 декември 2018 |

Дизни веќе нема да црта рачно

dizni

Студиото „Дизни“ соопшти дека ниедна од нивните компании за анимации веќе никогаш нема да работи во традиционалниот дводимензионален формат. По годишниот состанок на акционери, извршниот директор Боб Игер рекол дека компаниите за анимација веќе не работат на рачно цртан дводимензионален материјал за големо платно и дека тоа не планира да го менува во блиска иднина.

– Веќе не развиваме дводимензионално или рачно цртани анимирани филмови. Постојат одредени активности на тој план, но само за потребата на телевизијата. Така стојат работите сега, можеби во иднина нешто ќе биде, но во скоро време сигурно не.

„Дизни“ од 90-тите години инсистираше дека со снимањето нови рачно цртани анимирани филмови ги привлекуваат луѓето во кината, но речиси секој пат компјутерски анимираните филмови биле и до десет пати повеќе гледани од обичните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top